Пријателска: Комбинираната Струга ТЛ ремизираше со Новаци

154

Попладнево во Струга во пријателски меч силите ги одмерија Струга Трим Лум и Новаци, на крајот резултатот гласеше 2:2. Второлигашот по првото полувреме имаше водство од 0:2, стрелци на головите беа Никола Талески од пенал и Стефан Спировски. Во продолжение од средбата домашниот состав со головите на Адријан Зенделовски и Марјан Радески ги постави конечните 2:2.

Квалитетен меч кој послужи на шефот на струката на стружани, Бледи Шкемби да им даде шанса на повеќе свои играчи, пред се на оние кои во изминатиот дел од сезоната немаа голема минутажа, да покажат што знаат. Секако дека ова беше и добар тест за тимот од Новаци кој и тоа како покажа дека си има свои квалитети.

Секако убава можност да се искористи тринеделната пауза во ПМФЛ и ВМФЛ за двете екипи.

ПретходноБордо доби нов американски инвеститор и почнува од шеста лига
СледноОК Струмица доби засилување од Америка