Анес Мелиќи: Наскоро ќе дојдат и головите!

105

Дефинитивно Анес Мелиќи покажа дека има репрезентаивен квалитет. Синоќа го имаше своето деби како стартер и се чини дека ги оправда очекувањата. Иако иако стоперот на Шкендија има само 20 години, и синоќа покажа дека во него добиваме навистина квалитетен дефанзивец.

Но и тој, како и сите во репрезентацијата тој беше разочаран од новиот пораз, овојпат од Словенија:

“Игравме добро во второто полувреме, но сепак примивнме голови по наши грешки. Имаше осум измени во стартниот состав во однос на минатиот меч. Мислам дека наскоро ќе дојдат и головите, потребно е само малку време“ посочи дефанзивецот.

Во продолжение посочи дека треба да се продолжи со напорна работа:

“Треба да продолжиме да работиме. Македонија ќе биде таму каде што треба да биде само со напорна работа“.

ПретходноДимитар Митровски: Поразите секогаш се болни!
СледноШок во бугарскиот фудбал: Убиен сопственикот на Ботев Пловдив