Екипата на Е.Пелистер на денешното гостување кај Бутел во најновото коло од домашниот ракометен шампионат, со конечни 34-21 заработи рутинска, и пред се заслужена победа.
Во рамките од петтото коло од новата кампања, битолчани во Скопје пристигнаа како фаворити и тој епитет и го оправдаа.
Кузмановски доминантен со девет погодоци, од десет обиди, факт што ќе рече дека беше речиси перфектен, а подели и осум ефективни додавања.
Новитетот во таборот на Е.Пелистер, Саду Нтанзи, имаше свое деби со три гола и една асистенција.
Во составот на Бутел Скопје покрај стандардно добриот Дејан Михајловиќ со пет гола, се истакна и Давид Јаневски со четири погодоци.










