У-19: Македонија убедливо поразена од Луксембург

211
ФОТО:FFM.MK

Вечерва во пријателски меч нашата млада репрезентација до 19 години беше убедливо поразена од домашната селекција на Луксембург и тоа со 4:1. Секако дека резултатот е разочарувачки, ако така лесно и убедливо губиме од селекции како Луксембург, што останува ако играме со некои фудбалска велесили.

Оваа селекција ја предводи селекторот Димитар Капинковски.

Значи ништо ново и во младинскте селекции, веќе сме здодевни со тоа да пренесуваме дека нашите млади репрезентации одат од пораз во пораз, и тоа убедлив, ретко кога пишуваме дека ремизирале, а за победа?

Е, на тоа ќе почекаме.

ПретходноВо 9.коло во ПМФЛ ќе има утрински натпревари, од 12 часот!
СледноСелекторот на Шкотска: Имаме голем респект кон Македонија, ама ние сакаме победа