Е.Пелистер ја заврши задачата против Бутел

38

Екипата на Е.Пелистер на денешното гостување кај Бутел во најновото коло од домашниот ракометен шампионат, со конечни 34-21 заработи рутинска, и пред се заслужена победа.

Во рамките од петтото коло од новата кампања, битолчани во Скопје пристигнаа како фаворити и тој епитет и го оправдаа.

Кузмановски доминантен со девет погодоци, од десет обиди, факт што ќе рече дека беше речиси перфектен, а подели и осум ефективни додавања.

Новитетот во таборот на Е.Пелистер,  Саду Нтанзи, имаше свое деби со три гола и една асистенција.

Во составот на Бутел Скопје покрај стандардно добриот Дејан Михајловиќ со пет гола, се истакна и Давид Јаневски со четири погодоци.

ПретходноМанчестер Сити поднесе жалба: Не сме виновни!!!
СледноМладите на 22 меча имаат само две победи