Вардар ја брани тврдината, ГРК Охрид нема победа во Скопје!

137
Фото: РК Вардар

Денеска на програмата се пет натпревари од петтата рунда во Супер-лигата. Во центарот на вниманието е пресметката во СЦ „Јане Сандански“ каде Вардар го пречекува ГРК Охрид во дербито на колото, мечот стартува во 18:30 часот, директен пренос Арена Спорт МК.

„Црвено-црните“ се еден од двата тима кои во овој натпревар влегуваат без пораз, а дали така ќе остане одговорот ќе го добиеме вечерва. Вардар и ГРК Охрид пред стартот на сезоната имаа серија на пресметки, охриѓани беа подобри од турнирските мечеви, додека пак актуелниот првак славеше во Супер-купот. Охриѓани немаат славено на тешкиот терен во Скопје.

АЛКАЛОИД САКА ДА ЈА ПРОДОЛЖИ ПЕРФЕКЦИЈАТА

Покрај овој дуел, во центарот на вниманието е натпреварот во Автокоманда, а таму Алкалоид е домаќин на ГРК Тиквеш (19 часот). Тренерот Кирил Лазаров и неговите момци го делат лидерското место со Вардар, и тие имаат перфектен старт, четири победи во исто толку одиграни натпревари, серија која ќе сакаат да ја продолжат пред своите фанови.

ПретходноКрива Паланка и Баскет Кам за трофејот во женскиот Суперкуп
СледноИнвазија на “Тартан арми”: Многу забава, скопско пиво и сонце (ФОТО)