Марк Маркез победник на спринтот во Јапонија

25
фото: Overtake.GP | MotoGP @Overtake_GP (X)

Марк Маркес триумфираше на спринт-трката за Големата награда на Јапонија во Мотеги, остварувајќи ја седмата спринт-победа сезонава. Хорхе Мартин првично заврши втор, но поради излегување надвор од границите на патеката доби казна од едно место и падна на третата позиција. Истата казна го снајде и Енеа Бастијанини, кој од третото место падна на четврто.

Така, до второто место стигна Диого Мореира, за кого ова беше прв пласман на подиумот во спринт во кралската класа, како и прв таков успех за Бразилец во МотоГП. Спринтот беше обележан и со инцидентот во првиот круг, кога Алекс Маркес излета и ги повлече Педро Акоста и Фабио Ди Џанантонио. За својот потег Алекс доби двојна казна „долг круг“ за главната трка.

По спринтот, Мартин останува лидер во генералниот пласман со 313 бодови, додека Марк Маркес се приближи на седум поени.

Главната трка во Мотеги е в недела од 07:00 часот.

ПретходноИ двајцата се под притисок: Седлоски или Покоњоли – кој ќе добие отказ по мечот?!
СледноЃоковиќ: Не станува збор за издржливост, проблемот е нешто друго – моето здравје