Уште една, којзнае која по ред фантастична партија на нашиот голман Мартин Томовски во Бундеслигата. Вечерва во меч од 7.коло во најсилнара ракометна лига во светот, Македонцот на голот на Битигхајм против Фуксе Берлин едноставно беше маестрален со 14 одбрани. На крајот резултатот беше 31:32 за големиот фаворит, значи ни оваа блескава партија на Мартимн Томовски не беше доволна за Битигхајм да го избегне поразот против Фуксе на свој терен.
Како брани Македонецот на стартот во новата сезона? Неверојатно! Фантастично!
Со овие настапи Томовски само си ја набива својата цена во Бундеслигата и како стојат сега работите нема да биде изненадување ако следната сезона направи трансфер во некој поголем клуб.










