Ги добиваат гратис, па ги „продаваат“ картите за лица со посебни потреби!

178

За неколку часа нашиот национален тим ќе ги одмери силите со Шкотска во третото коло од групата Б во Лигата на нации. Очaјниот старт во новиот циклус, слабите резултати и игрите на нашите фудбалери придонесоа интересот кај навивачите да биде сведен на минимум. Дури постои и страв дека вечерва, за првпат во нашата историја, би можело да се случи да има повеќе гостински отколку домашни навивачи. Шкотите, во бројка од околу 4.000 фанови, вечерва ќе бидат на нашиот најголем стадион…

Но, во нашата редакција пристигна скандалозна порака. На социјалната мрежа „Фејсбук“, одредени лица продаваат билети за вечерашниот дуел. Но, скандалозно е тоа што билетите кои се објавени и кои се продаваат се доделени од страна на Федерацијата за лица со посебни потреби или лица кои се во придружба на лица со посебни потреби.

Можно ли е да постои ваква мизерија во Македонија!?

Институциите, Федерацијата… треба да се стави крај на ваквите скандалозни појави и да се испита кој дал, а кој препродавал вакви билети. Срамот е голем!!!

На фотографијата е скандалозната објава, а на неа е фокусиран делот каде што стои дека овие билети се за лица со посебни потреби. Бруки!

Според информациите до кои дојдовме, вакви случаи со препродавање на билети не се нешто ново и се провлекуваат со години наназад.

ПретходноЃоковиќ: Не станува збор за издржливост, проблемот е нешто друго – моето здравје
СледноКрива Паланка и Баскет Кам за трофејот во женскиот Суперкуп