Миовски: За да се даде гол треба целата екипа да функционира!

215

Македонија вечерва претрпе уште еден пораз, и тоа дома и тоа од Шкотска со 0:2. Секако дека на нашите фудбалери им е најтешко, поразите се нижат, нема голови, слабо се игра.

По ова секако дека постои голема разочараност.

А еве што по мечот изјави Бојан Миовски:
“Примивме многу рано гол, тоа делуваше многу лошо за нас. Требаше повеќе да ја држиме топката, но влеговме во нивната игра. Шкотска е селекција која многу трча. Во второто полувреме дали беше пенал или не, не знам. По тој гол притиснавме да постигнеме гол. Мислам дека треба да одиграме поофанзивно и да бидеме поопуштени во таа трета зона, да играме према напред. Да се даде гол треба целата екипа да функционира, да се одбрани својот па потоа да се даде. Сите ние заедно ја ноиме таа одговорност“.

ПретходноДабл-дабл на Јакимовски, Наполи – перфектен
СледноЕлмас: Тешко ми е! Мора да се кренеме од ова, ако не, ќе биде уште полошо!