Сега веќе нема дилеми, познати се официјалните стартни состави за вечерашниот меч од 3.коло во Б Лигата на Нации во групата 1, меѓу Македонија и Шкотска.
Двајцата селектори, Гоце Седлоски и Себастијан Покоњоли ги “открија картите“ на нешто повеќе од еден час до почетокот на мечот.
Македонија овој натпревар ќе го започне со:
Димитриевски, Меличи, Младеновски, Муслиу, Илиевски, Барди, Гаштаров, Станковски, Херера, Елмас, Миовски.
Формацијата е 3-5-2.
Шкотска пак ќе почне со:
Ган, Велш, МекКена, Бинкс, Ганон – Доак, Фергусон, Гимаур, Робертсон, МекГин, МекБурни, Боуви.
Како што е познато, главен судија на овој натпревар ќе биде Франсоа Летисие од Франција, кој важи за еден од најдобрите судии во Европа.










