Лазовиќ: Секој спортист плаќа одредена цена…

15

Сузнана Лазовиќ, е едно од најуспешните имиња во женскиот ракомет во Црна Гора. Поранешната репрезентативка на оваа земја, сега е селектор на женскиот национален тим. Лазовиќ и Црна Гора го освоија „Трофеј Македонија 2026“.

Таа беше една од петте панелистки на Првиот Женски ракометен форум во организација на Ракометната федерација на Македонија. Целта е дополнително да се придонесе кон развојот, видливоста и унапредувањето на женскиот ракомет.

Под мотото „One game. One voice. One future.“, форумот обедини пет големи имиња од регионалниот, европскиот и светскиот ракомет на едно место, со една заедничка тема – иднината на женскиот ракомет.

Лазовиќ истакна дека од самиот старт се знаело дека ќе биде спортист, прво почнала со џудо, а потоа со ракомет.

Она што е најважно за секоја ракометарка која планира да влезе во професионалниот свет е дека секој спортст плаќа одредена цена. А дека патот кон врвот бара дисциплина.

„Моите родители од почетокот знаеја дека ќе бидам спортист, почнав да се занимавам со џудо. Тогаш не ги доживеав критиките зошто токму тој спорт, после тоа следеше ракометот’, почна Лазовиќ.

„Секој спортист плаќа одредена цена, тоа е времето се семејството, родендени, важни датуми… Она што можам да кажам дека е не бев доволно дисциплинирана, затоа ми се случија одредени работи. Сега како тренер гледам дека требало да бидам дисциплинирана“, истакна Лазовиќ. 

Што се однесува до тренерската работа вели дека е поинаку, таа нема право да има лош ден.

„Тренерот не смее да има лош ден. Кога си играч ситуацијата е поинаква, но како тренер не смееш да ја пренесеш таа негативна енергија, ти си таа која мораш да го водиш тимот“.

Првиот Женски ракометен форум е голем чекор за жените во спортот и претставува прв во Регионот. РФМ најави дека Форумот ќе прерасне во традиција.

ПретходноВерстапен славеше во хаотичната трка во Малезија и ја оствари првата победа сезонава
СледноТри нови кошаркарски пресметки, Скопје и Битола во центарот на вниманието