Штип УГД е освојувач на “Чајка“ Супер Купот (ФОТО)

24
ФОТО:ОФМ/Вангел Тануровски

Тимот на Штип УГД е освојувач на “Чајка” Супер купот 2026 во одбојка во машка конкуренција откако со 3:0 (25:15, 25:16, 25:15) го совлада ОК Борец и стигна до првиот пехар на отворањето на новата сезона.

Противниците играа рамноправно се до средината на сите три сета. Борец на моменти имаше и два до три поени предност, но клучна беше подолгата клупа, поголемиот искусен избор во ротацијата и искуството во редовите на штипскиот тим.

Александар Љафтов кој беше избран за МВП на машкиот “Чајка” Супер куп го предводеше Штип УГД кон победата.

ПретходноМинатата сезона играа финале во Евролига, а сега клубот згасна
СледноПартизан на Раул немоќен против Веспрем