Македонија со пад од две места на ФИФА листата!

48

По четирите порази во овој циклус во Б Лигата на Нации, јасно е дека има пад на ФИФА листата за нашата А-репрезентација. Па така на најновата листа која денеска е објавена Македонија се наоѓа на 71.место што е пад од две места ако се знае дека на минатото рангирање бевме 69-та сила во светот. Колку за потсетување Македонија беше поразена од Швајцарија двапати, Шкотска и Словенија во Б Лигата на Нации. Следното рангирање ќе биде на 18 ноември, кога ќе се одиграат и тие последни две кола во Лигата на Нации.

На врвот нема промени, Шпанија, Аргентина, Франција и Англија се на првите четири места.

Од нашата група Швајцарија е на 12.место со скок од две места, Шкотска е на 43.место а Словенија е на 52.место со скок од четири места.

ПретходноНОВ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ФИФА: Нерегистриран фудбалер играл на Светското првенство?!
СледноВЛТ НАВИВА: ВАРДАР ПРОТИВ ВИСЛА ПЛОЦК