Верстапен утре прв ќе стартува на спринтот во Сингапур

22

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол позицијата за спринт трката на Големата награда на Сингапур во шампионатот во Формула 1. Верстапен денеска беше најбрз со време од 1:31,156 со што утре ќе стартува од најдобрата позиција.

Второто место му припадна на возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој заврши со заостанување од 0,120 секунди зад Верстапен.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, го освои третото место, завршувајќи со заостанување од 0,243 секунди зад победникот во квалификациите.

Оскар Пјастри од Мекларен заврши четврти во квалификациите, а во првите десет се најдоа и Ландо Норис (Мекларен), Луис Хамилтон (Ферари), Андреа Кими Антонели (Мерцедес), Лијам Лосон (Рејсинг Булс), Исак Хаџар (Ред Бул) и Пјер Гасли (Алпин).

ПретходноШкендија Арачиново дозволи „Балисти“ да дојдат на Чаир
СледноРиера: Се прашуваме зошто доѓааат повредите, Гаштаров пред два месеци воопшто не играше…