На само деветнаесет години, чудото од дете и ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, достигна фудбалски височини за кои многумина сонуваат во текот на целиот свој живот!
Сепак, младата шпанска ѕвезда во подкастот „Resonancia de Corazón“ се врати назад во времето и преку исклучително трогателни зборови ја отвори својата душа за неговото тешко детство, сиромаштијата и жртвата на неговата мајка Шила Ебане, која му дозволи да стане она што е денес!
Успехот на теренот му донесе на Јамал милиони и слава, но како што самиот истакнува, парите имаат вредност само поради среќата и насмевките на луѓето што ги сака најмногу на светот.
Искрено сеќавање на условите во кои пораснал објави францускиот медиум “Foot Mercato“.
“Живеев во стан каде што кујната и спалната соба беа на исто место. Немавме ништо. И затоа овој успех ми значи многу повеќе од само пари. Ѝ ја купив на мајка ми куќата што ја сакаше! Ја прашав во која населба би сакала да живее и само ѝ реков: каде што сакаш, таму ќе ја купиме. Денес, ја гледам мајка ми среќна и го гледам брат ми како ужива во детство какво што само можев да посакам – па, тоа е она што навистина ме прави среќен“ истакна Јамал!
Младиот ас не го заборави ниту својот татко ниту својата баба, велејќи дека успеал да ги смири нивните грижи и да му обезбеди на целото семејство подобра иднина.
Посебно место во неговото срце и приказна зазема неговата мајка Шила, жена која никогаш не го напуштила и која секогаш била покрај него во најтешките моменти од растењето.
Зборовите на Ламин што го допреа фудбалскиот свет и порака за скромноста.
“Мајка ми сега има сè што може да посака. Таа е мојата кралица, таа е најскапоценото нешто што го поседувам во животот. Таа е сè што едно дете може да посака од мајка“.
Покрај безграничната љубов и жртва, мајката Шила секогаш се грижеше исклучителниот фудбалски талент на нејзиниот син да не го одвлекува вниманието од образованието. Таа инсистираше Ламин да ја заврши училишната работа по секоја цена, не дозволувајќи фудбалот да му биде единствениот фокус.
Секогаш кога ќе забележеше дека тој е забавен во учењето, таа му се закануваше дека ќе му забрани да игра фудбал додека столчето не се загрее и не ја заврши домашната задача.
Благодарение на таквото воспитување и строгата мајчинска љубов, Јамал порасна во скромно момче, кое стои со двете нозе на земја и покрај светската слава…










