Ракометарите напредуваа едно место на ЕХФ ранг-листата, пад кај жените

31

Ги имаме најновите ранг ЕХФ листи, кога се во прашање националните младински селекции. Македонија е ракометна земја, и како таква секогаш и се важни ваквиот тип на мерења на квалитетот на интернационална сцена.

Според овие ранг листи ќе бидат формирани листите на носители во ждрепките за следните квалификации за ЕХФ Еуро

Па така, најновото ЕХФ рангирање вели следново.

Македонија има напредок од едно место од последната ранг листа и сега е на 16 место во машка конкуренција. Ова не носи никакви измени во позицијата пред ждрепката за квалификациите што следно ќе ги игра кадетската репрезентација. Само Топ 8 репрезентации одат директно на ЕП, другите ќе играат квалификации.

Во женска конкуренција бележиме пад од четири места. Бевме на 19 место во следниот циклус ќе бидеме на 23 место. И ова нема да донесе битни промени кога ќе бидат одредувани носителите.

Што се однесува пак до самиот врв на ранкингот и натаму Данска, Германија и Шпанија се три најуспени репрезентации. Квалификации за ЕП У18 нема да играат ниту следните пет држави: Шведска, Унгарија, Португалија, Словенија и Исланд.
Во женска конкуренција, ТОП три нации се Данска, Шпанија и Франција.

ПретходноКФМ казни судии и делегат за Супер-Купот
СледноДелегирање за ПМФЛ 9. коло: Качески ќе дели правда на дербито на Чаир