Попладнево се одиграа шест средби од 7.коло во ВМФЛ. Во дербито во Охрид, истоимениот тим одигра 2:2 со Брера во икслучително интересен меч. Струмичани имаа водство од 0:2, но сепак на крајот дојдоа само до бод.
Работнички на Маџари го декласира Камјани со 5:1, со ова тимот од Дебар Маало и дефинитивно се приклучува при врвот на табелата. Кудија ја отвори серијата, Бошњаков постигна два гола, стрелци беа и Стефановски и Затуроски.
Македонија ЃП славеше на Чаир во скопската пресметка против Шкупи со 0:1 и тоа со голот на Кристијан Таневски.
Интересно беше и во Кочани. Гостинскиот тим на Еуромилк имаше водство од 0:1 до 90+3.минута кога Осогово со гол во последните секунди се спаси од пораз.
На мечот Новаци – Тетекс славеа гостите со 1:4. Инаку овој меч доцнеше половина час.
И мечот во Радовиш мечот меѓу Детонит и Кожуф почна подоцна, а крајниот исход беше 1:1 во тренерскиот дуел меѓу Здравков и Алтипармаковски.
РЕЗУЛТАТИ – 7.КОЛО
Охрид – Брера 2:2
Осогово – Еуромилк 1:1
Работнички – Камјани 5:1
Шкупи – Македонија ЃП 0:1
Детонит – Кожуф 1:1
Новаци – Тетекс 1:4
УТРЕ – 18 Ч
Беласица – Пелистер
ТАБЕЛА
Охрид 16, Работнички 15, Брера 14, Пелистер 14…










