Преседан: ФИФА го одложува СП 2034?!

57
ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/

Светското првенство во фудбал во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија, а постои можност овој турнир да биде поместен.
Нешто што никој не можеше да го предвиди беше можноста Светското првенство да биде одложено.

Станува збор за Светското првенство планирано за осум години, кое ќе се одржи во Саудиска Арабија. Мора да се признае, тоа не би бил прв пат Светското првенство да се игра надвор од стандардното време, но ФИФА, се вели, подготвила нешто сосема нешто поинакво за овој турнир. Светското првенство во Катар во 2022 година се одржа во текот на зимата, поточно во ноември и декември, што не им одговараше на навивачите низ целиот свет, а исто така беше и прв пат турнирот да не се играше во лето, што сега е традиција.

Турнирот во Саудиска Арабија, секако, ќе се одржи повторно во текот на зимата, но постои можност сè да се случи една година подоцна, поточно во јануари 2035 година, што би бил преседан во фудбалот. Клучниот проблем е Рамазан, кој ќе трае од 12 ноември до 12 декември, што значи дека Светското првенство не може да се одржи во тој период. ФИФА сè уште не ги прецизирала точните датуми, но сè уште не е исклучена можноста првенството да се одржи на почетокот на 2034 година или дури и во јануари 2035 година.

ПретходноЕве зошто сите му се смеат на Нојер! (ВИДЕО)
СледноРаботнички убедлив против Тиквеш, победа и за МКК Куманово (ФОТО)