Еден од најдобрите светски голмани во моментов, белгискиот интернационалец на голот на Рома, Миле Свилар поради фрактура на прстот добиена на еден од тренинзите, ќе мора да паузира околу еден месец.
Ова секако дека е проблем за Рома со оглед на фактот што тимот одлично ја започна сезоната и е при самиот врв на табелата.
Сепак, не е исто на голот да го има Свилар, или неговата резерва во моментов.
„Го загубивме Свилар на неколку недели. За време на тренингот тој доживеа фрактура на петтиот прст на раката“, објави тренерот Гасперини на прес конференцијата пред утрешниот дуел со Комо на гости.










