Марко Безеки е победник на најновото издание на Мото ГП шампионатот. Италијанецот мина прв на целта на денешната трка која штос е возеше за големата награда на Индонезија.
Безеки беше најдобар со време од 40.46.582 што беше за 4.260 подобро од времето на второпласираниот Раул Фернандез.
Трет пак на оваа трка заврши Хорхе Мартин со заостанување од 6.890.
Во генералниот пласман сега редоследот е следен. Марк Макрез е лидер со 343 поени, пред Хорхе Мартин со 339. Следува токму Марко Безеки со 284 поени, додека пак Педро Акоста е тука некаде со 247 бодови на своето конто.










