Артим Положани “распали“: Како може на ваков терен да говориме за тактика и техника?!

214

Вчера на Чаир, во дербито на 9.коло, Шкендија (А) и Шкендија (Т) одиграа без победник 1:1. Тетовци “испуштија“ два големи бода во битката за титулата. Сепак треба да се каже дека теренот беше ужас, очај. И затоа немаше ни „“Ф“ од фудбал.

Разочаран беше и тренерот на гостите, Артим Положани, кој по мечотѕ просто “распали“:

“Да, дефинитивно сме разочарани, бидејќи натпреварот можеше да помине уште подобро за нас во првото полувреме. Но, она што морам да го коментирам е дека на ваков терен не можам да зборувам за маневри, технички или тактички проценки, бидејќи немаше услови за тоа. Им кажав на играчите во соблекувалната, бидејќи немам што да барам од нив. Во моментот кога немате основни услови за играње фудбал, ние не можеме да играме фудбал на тој начин. Значи, немам што да ви кажам, немам што да побарам од вас, бидејќи тоа не е можно, теренот не ви дозволува да играте игра каква што бараме беше моето обраќње до нив. Секако, комплименти за противничкиот тим, бидејќи се бореа цело време“.

Положани за тоа дали е циничен…

“Секако, да, цинизам, но не е како некогаш да сме имале таков цинизам… што значи дека отсекогаш сме сакале да играме фудбал. Затоа денес ја тактиката. Цела недела правевме нешто различно, доаѓаме тука и гледаме вода, несоодветен терен. Дури и сега, кога доаѓате тука, работите на тактика цела недела, ја менувате вашата шема, го менувате вашиот начин на игра, тоа не е позитивно за нас. Потоа не знам за континуитет, дефинитивно мора да размислиме за нешто друго, бидејќи да бидам искрен, не го гледам мојот тим таков, играјќи во ваква форма долго време, но можеби треба и ние да се адаптираме.“

ПретходноОсогово остана без тренер: Крсте Крстев си поднесе неотповиклива оставка!(ФОТО)
СледноАндреј Јакимовски е повреден!