Со денешниот меч во Куманово меѓу Башкими и Струга ТЛ завршува првиот круг од тековната сезона во ПМФЛ. Вториот круг од вкупно четири, со мечевите од 10.коло стартува претстојниот викенд. Интересно, повторно ќе имаме натпревари во утрински термин од 12 часот. Шкендија (А) – Струга ТЛ во сабота и Башкими – Силекс во недела, се играат од 12 часот.
Во продолжение можете да го видите целиот распоред за натпреварите од 10.коло:
РАСПОРЕД И САТНИЦА ЗА 10.КОЛО ВО ПМФЛ
17.10.2026 (САБОТА)
Скопје (Чаир): Шкендија (А) – Струга ТЛ (12 ч)
Штип: Брегалница – Вардар (14 ч)
18.10.2026 (НЕДЕЛА)
Куманово: Башкими – Силекс (12 ч)
Скопје: Скопје – Шкендија (Т) (14 ч)
19.10.2026 (ПОНЕДЕЛНИК)
Гостивар: Арсими – Тиквеш (14 ч)















