Струга ТЛ сака победа, сака и да го запоседне врвот на табелата

46

Попладнево од 15 часот во Куманово, се игра последниот меч од 9.коло. Домашниот состав на Башкими ја дочекува Струга Трим Лум. Јасно е дека кумановци ќе сторат се што можат да дојдат до добар резултат, од некој бод со цел да го поправат својот очаен бодовен скор. Сепак јасно е дека за ова се прашуваат гостите кои доаѓаат како големи фаворити.

Од тимот на стратегот Бледи Шкемби се најавува голема борба, максимален респект за Башкими, но и верба во своите квалитети. Се најавува дека целта е победа и само победа. Во случај тоа да се оствари, тогаш Струга Трим Лум по денешниот натпревар ќе го запоседне врвот на табелата, ќе биде нов лидер.

Имено Шкендија има 20 бодови и гол разлика +12, Струга ТЛ има 17 бодови и гол разлика +14. Ова значи дека било каква победа на стружани ги носи на лидерското место на табелата во ПМФЛ по 9.коло.

Мотивите се големи, а интересно е тоа што оваа сезона Струга ТЛ нема победа на гости, па еве шанса и за таква победа.

Од друга страна нема да биде лесно. Башкими си има свои мотиви, кои посебно се нагласуваат по враќањето на клупата на Муарем Муарем.

Кога сме кај традицијата таа е апсолутно на страната на Струга Трим Лум. Во минатата сезона на тие три меча стружани забележаа три победи со неверојатна гол разлика од 15:0 (4:0, 6:0, 5:0).

Како што веќе рековме. Натпреварот Башкими – Струга ТЛ се игра денеска од 15 часот во Куманово, а за главен судија е одреден Стојанче Стојанов.

ПретходноЕве што кажа Халанд по триумфот на “Енфилд“…
СледноОсогово остана без тренер: Крсте Крстев си поднесе неотповиклива оставка!(ФОТО)