Ако ова не е пенал…(ВИДЕО)

416
ФОТО:printscreen

Зоран Ѓоршоски

Многу врева се дигна по се она што се случуваше на вчерашниот меч на Автокоманда меѓу Скопје и Вардар. Се смета дека домашниот состав бил драстично оштетен, а Вардар добол “судиска помош“. Имено при резлтат 0:0, домашниот фудбалер Божиновски шутираше кон голот на Вардар, таа топка во раката го удира Маневски, искрено беше во пад и неговата рака беше долу на теренот, и со тоа гостинскиот играч не дозволи водство на домашните со 1:0. Судијата Фуркан Идризи веднаш покажа на белата точка, но потоа беше повикан од ВАР собата, таму беа Александар Урошевиќ и Вјолца Изеири. По консултацијата Идризи отиде да ја прегледа снимката и потоа си ја поништи својата првична одлука, па немаше пенал за Вардар. По ова малку “вревата“ се намали ако се знае дека Скопје со голот на Ангелов неколку минути подоцна дојде до водство од 1:0. На крајот беше 1:2 за Вардар.

А, што ако Скопје имаше водство од 2:0, ако пеналот беше пенал, тогаш можеби Вардар ќе извлечеше само бод а не сите три.

Па, така можеби токму тие два бода ќе бидат решавачки за титулата? Можеби.

Инаку неофицијално дознаваме дека пред прегледувањето на снимката, самиот судија Фуркан Идризи им кажал на играчите дека ако не било офсајд, тогаш е пенал. А немаше офсајд, ама немаше ни пенал за Скопје, а според снимката и тоа како требаше да има.

Но….

ПретходноПознат е распоредот за 10.коло во ПМФЛ: Повторно ќе имаме натпревари во утрински термин!
СледноДесет лица уапсени по дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити