Градоначалникот на град Тетово, Билал Касами, преку социјалните мрежи и се обрати на јавноста давајќи нови информации по повод проектот околу реновинрањето на Градскиот стадион во овој град.
Еден од најважните спортски објекти во градот под Шара, во моментов е во сериозна реконструкција, и од стариот објект речиси и нема да остане ништо. Тетово ќе добие нов модерен објект за фудбалски намени, кој што секако ќе биде кадарен да вдоми и мечеви од меѓународен карактер.
„Чекор по чекор, кон модерен стадион“, напиша Касами на социјалните мрежи, истакнувајќи го напредокот на работите и случувањата на терен.















