Македонскиот интернационалец и репрезентативец Матеј Гаштаров се најде меѓу најдобрите единаесет за изминатото коло во Супер лигата на Србија.
Тој со својот тим Црвена Звезда на гостувањето кај Раднички извојува победа од 0:3, а Гаштаров како што е тоа вообичаено откако Ријера е тренер на Звезда се најде во стартните единаесет.
Стратегот на Црвена Звезда имаше жестоко обраќање во јавноста пред дуелот на тема минутажа меѓу другото и на Гаштаров, велејќи дека прерано на овој млад играч кој што има само 19. години му се ставаат на товар толку мечеви мислејќи и на оние на репрезентацијата на Македонија пред се.
Сепак, Гаштаров покажа дека е далеку од преморен во моментов и одигра уште една добра партија во дресот на Црвена Звезда.










