Македонскиот интернационалец и репрезенаттивец Лука Станковски се најде во тимот на колото во шампионатот на Украина. Оваа привилегија офанзивецот ја заслужи откако беше стрелец во победата за својот тим Колос во триумфот од 0:2 на тимот на Верес Ривне.
Станковски ја потврди победата со голот постигнат во 53. минута од мечот.
Со оваа победа тимот на Колос се најде на осмата позиција по девет осиграни мечеви со единаесет освоени поени.
Станковски пак од друга страна откако се врати во матичниот клуб по репрезенаттивната пауза има минутажа која што ја заслужува, а врати со асистенција и погодок во последните два дуели.










