Одбојкарките на Работнички загубија со 3:0 во сетови на гостувањето кај грчкиот Заон Кифисија во првиот натпревар од 1/16-финалето на Челинџ купот на ЦЕВ. Домашните одбојкарки славеа со 25:17, 25:15 и 25:17, во меч што траеше 76 минути.
Работнички оддигра солиден натпревар во кој достојно парираше во сите три сета. ЗАОН Кифисија беше поефикасен во нападот и освои повеќе поени во сите три сета. Кај македонскиот тим, Карија Трифуновска беше најефикасна со осум поени, додека Тамара Атанасова освои седум.
Кај Заон Кифисија, Фероники Зиога запиша 13 поени, а Елпида Тикманиду додаде 14. Реваш средбата е на програмата идната недела во Скопје.










