За чест, гордост и навивачите: Вардар оди по победа против Мелсунген!

56

Вардар денеска (18:45 часот) на домашен терен против Лесунген го игра последниот натпревар во Лигата на шампионите за оваа сезона. Македонскиот првак ги загуби сите шанси за пласман во главната рунда, но тоа не значи дека ќе излезе без мотив. Напротив, сите во таборот на македонскиот првак имаат обврска кон своите навивачи, но и кон себе.

Тренерот Иван Чупиќ и неговите момци зад себе го имаат триумфот против Нант на гостински терен, момент кој покажа дека овој Вардар и тоа како има сили за големи противници и дека може токму против Мелсунген да ги награди своите фанови со победа за поддршката што постојано ја добива.

„Пред нас е уште еден натпревар во ЕХФ Лигата на шампионите и, за жал на сите нас, последен сезонава во ова натпреварување. Одигравме пет натпревари, а ни останува уште еден. МТ Мелсунген сигурно доаѓа во Скопје решен да се бори за место во главната фаза.

Моето размислување е многу едноставно. По двата пораза во ‘Јане Сандански’, сега станува збор и за нашата гордост и чест. Оваа сала и нашите навивачи, кои нè поддржуваа на највисоко ниво на двата домашни натпревари во Лигата на шампионите, заслужуваат да го завршиме настапот со победа.

Сакаме да победиме не само за клубот и да ја продолжиме победничката серија, туку пред сè за да им возвратиме на навивачите – луѓето што секогаш се зад нас и постојано ни даваат дополнителна сила.

Победивме во Нант и, дај Боже, ако во среда го совладаме и Мелсунген, тоа ќе биде награда и за навивачите кои никогаш не се откажуваат од нас. Пред нас е целата сезона во македонското првенство, регионалната лига и ЕХФ Европската лига. Сакаме салата и понатаму да биде исполнета, а Вардар и нашиот домашен терен повторно да станат тврдина, изјави Чупиќ на прес-конференцијата пред натпреварот“

ПретходноМатлиески го објави списокот на М-16 за дуелите со Црна Гора и Косово (ФОТО)
СледноШпански медиуми: Таткото на Јамал плукнал келнерка и физички нападнал маж?!(ФОТО+ВИДЕО)