РФМ во Скопје организира турнир за помлади пионери

22

Ракометната федерација на Македонија организира ракометен турнир за помлади пионери (У13) од скопскиот регион, со цел поттикнување на спортскиот дух, развој на младите ракометни таленти и промоција на ракометот кај најмладите генерации.

Турнирот ќе се одржи утре (31 октомври) од 10 до 17:30 часот во спортската сала „Расадник“ во Скопје.Младите ракометари ќе имаат можност да ги покажат своите вештини, тимскиот дух и љубовта кон ракометот преку натпревари исполнети со спортски предизвици и дружење.

Во наредниот период, како што информира Ракометната федерација на Македонија, ќе бидат организирани вакви турнири и во останатите региони, со цел да им овозможи на што поголем број млади ракометари да бидат дел од оваа спортска иницијатива.

ПретходноГогов пред Пелистер: Не очекува најголемото балканско дерби
СледноСо д-р Виолета Николов разговараме на темата: Зошто не смееме да го игнорираме менструалното здравје на спортистките!