Гогов пред Пелистер: Не очекува најголемото балканско дерби

37

Вардар во недела го пречекува Пелистер во првото „Ел класико“ оваа сезона во Супер-лигата. Актуелниот македонски првак во пресметката со битолчани влегува без пораз, има максимален скор од осум победи во исто толку одигрни натпреври.

Капитенот Васил Гогов на денешната прес-конференција пред мечот потенцира дека ќе биде тежок натпревар.

„Мотивацијата е тука. Знаеме што значат овие натпревари. Не очекува најголемото балканско дерби. Ќе биде тежок натпревар, не само за да го одбраниме првото место, туку и за енергија, мотивација и задржување на добрата атмосфера, како и одбраната. Минавме тежок месец зад нас со многу натпревари и тренинзи. Заморот е присутен, ама сето тоа се остава зад нас на вакви средби. Ќе дадеме максимум пред се надевам полна сала“, изјави Гогов. 

Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан за во недела од 17.45 часот.

ПретходноЛапорта бесен поради Рафиња, Анчелоти брутално му одговори: Не ни требаат посебни барања!
СледноРФМ во Скопје организира турнир за помлади пионери