Дефинитивно ќе биде „фешта“: Повеќе нема билети за дербито помеѓу Вардар и Пелистер!

120

Сосема очекувано, салата СЦ „Јане Сандански“ е распродадена за утрешната дерби пресметка помеѓу Вардар и Пелистер во рамките на 9. коло во Супер-лигата, информираа од таборот на актуелниот првак.

„Сите билети за утрешниот натпревар против РК Еурофарм Пелистер се распродадени
Да уживаме во одличната игра на терен и во прекрасната атмосфера на трибините. Да уживаме во уште едно македонско дерби!
Поради заедничката кореографија низ цела сала, апелираме сите кои ќе присуствуваат на натпреварот да дојдат 15 минути порано на своите места и да не креваат ништо што е поставено на столчињата, без претходно да добијат знак од лицата за координација!

Црвено-црната нека доминира! Вардарци, се гледаме во сала“, порачаа од РК Вардар. 

Натпреварот помеѓу Вардар и Пелистер стартува во 17:45 часот.

ПретходноБеќири го запре Карабах
СледноШтип дојде до историска победа и тоа над тимот кој го изненади шампионот!