Уште една скопско – битолска пресметка во СЦ „Јане Сандански“

102
Фото: КК Пелистер

Денеска во СЦ „Јане Сандански“ покрај ракометното „Ел Класико“ помеѓу Вардар и Пелистер, ќе има уште една скопско – битолска пресметка. Овој пат во рамките на кошаркарската Супер-лига, МЗТ Скопје ќе го пречека Пелистер, мечот е закажан со почеток во 14 часот.

Актуелниот првак во овој дуел влегува со пораз од Струмица и тренерска смена на Васко Атанасов, додека пак Пелистер после победата против Скопје на домашен терен.

Од таборот на битолчани најавија дека се подготвени да одиграат одличен меч и да дојдат до победата.

„За натпреварот против МЗТ се подготвуваме како и за секој друг натпревар. Анализираме поединечни играчи и акции, додека тренерите прават план на игра кој треба да го следиме против противникот. Работата на играчите е да го почитуваат планот на игра. Иако нема да биде лесно, очекувам победа доколку спроведеме сè што е договорено“, изјави Алонзо Денинг пред натпреварот против МЗТ Скопје.

МТЕЛ СУПЕРЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 5. КОЛО

ГКК Штип – Струмица 2001 87:81

Скопје – Работнички 79:89

Тиквеш Голден Игл – ТФТ 77:74

1. НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)

14.00: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер

Спортски центар „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/DVIpEBoohiY?si=nzr1wJ4NBlMTOuy7

18.00: МКК Куманово – Кожув

Спортска сала во Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Gjz18PpRXSc?si=4oLyZnOpA6dFjR23

ТАБЕЛА: Работнички 5/0, Кожув 3/1, МЗТ Скопје Аеродром 3/1, иквеш Голден Игл 2/3, ТФТ 2/3, Струмица 2001 2/3, МКК Куманово 2/2, Пелистер 2/2, Т, Скопје 1/4, ГКК Штип 1/4;

ПретходноВисдом Окере во стартниот состав на Тиквеш на Чаир!
СледноПолувреме: Симоновски за водство на Шкендија (А) на калта на Чаир!