Хориха дојде на собирот на репрезентацијата: Ова е голема одговорност, ја знам и химната на Македонија

271

Македонската ракометна репрезентација денеска во Скопје го имаше првиот собир пред стартот на подготовките за претстојните квалификациски пресметки со Луксембург и Грција. На првиот собир на селекторот Лазаров се појави и новиот македонски репрезентативец, Дмитро Хориха.

„За мене ова е посебен момент. Овој повик за во репрезентацијата на Македонија е голема одговорност. Морам да покажам дека сум спремен, да му помогнам на тимот и да дадам се на максимум. Сега имаме малку време, но мора да се подготвиме добро. Голема благодарност за сите македонски навивачи и за сите кои се потрудија да добијам пасош. Оваа љубов оди некако заедно со Вардар. Имам голема поддршка од сите навивачи и тоа е клучно затоа што играм за Македонија. Мислам дека и ова ќе биде нешто ново за мене, но мислам дека брзо ќе се вклопам. Ракометот во Македонија и во Украина има голема разлика, овде ракометот се сака многу, ја научив и химната на Македонија“, вели во својата прва изјава како репрезентативец на Македонија Дмитро Хориха.

ПретходноГазели Волеј и Наковски Волеј единствени со 100% ефект по три кола
СледноАрсенал е подготвен да го шокира фудбалскиот пазар: Погледот е насочен кон Мадрид!