Нено блеска, Мишко гордо го следи: Мали, спремај се за НБА!

384
Фото: Мишко Ражњатовиќ

Ненад Димитријевиќ продолжува да блеска во дресот на Арис. Македонскиот репрезентативец зад себе има уште една одлична партија. Во големата победа против Панатинаикос од 99-90, тој беше еден од најдобрите кошаркари во составот на славниот Василис Спанулис.

Нено запиша 14 поени и пет асистенции во четвртата победа на Арис во петте кола од грчкиот шампионат.

На оваа средба во првите редови беше и познатиот менаџер Мишко Ражњатовиќ, кој исто така соработува со македонскиот репрезентативец. Мишко не може да биде погорд што во својата агенција има име како што е Димитријевиќ.

Тие имаа време да разменат по некој збор за време на натпреварот, а Нено е „печен“ и за настап во НБА-лигата. На секој натпревар, без разлика дали е на европска или домашна сцена, тој воодушевува.

Ние си дадовме слобода, па сами ја опишавме сликата: „Мали, спремај се за НБА!“ – е нашата имагинација.

ПретходноБашкими и Арсими во пресметка на “давениците“
СледноВЛТ НАВИВА: Вардар го доби вечното дерби со Пелистер!