Арис на нашиот Ненад Димитријевиќ го претрпе првиот пораз оваа сезона во Еврокупот. Во дуелот на досега непоразените, Хапоел Ерусалим славеше против Арис со 84:73 и ја продолжи победничката низа која сега ги остави сами на врвот на табелата во групата.
Димитријевиќ и денеска беше еден од најдобрите во дресот на грчкиот тим и средбата ја заврши со 10 поени за околу 20 минути поминати на паркетот. Покрај поените зад името на Димитријевиќ има и еден скок и две аистенции.










