Одбојкарките на Јанта Волеј Кисела Вода со убедлив пораз го завршија гостувањето кај Лави Прага во реванш натпреварот од 1 коло на ЦЕВ Челинџ купот. Чешкиот тим славеше со максимални 3:0, препуштајќи им на македонските одбојкарки вкупно само 37 поени.
Домаќинките доминираа во сите три сета, добивајќи ги со 25:11, 25:12 и 25:14. Натпреварот траеше 71 минута, а разликата во квалитетот беше видлива уште од почетокот, кога Лави Прага брзо создаде висока предност.
За Јанта Волеј ова беше тешко европско гостување против ривал кој целосно ја контролираше играта. Во редовите на нашиот преставник со 7 реализирани напади најефикасна беше Нелсон.










