ПОБЕДНИЧКИ СТАРТ: Македонија го демолираше Луксембург, следна е Грција (ФОТО)

68

Македонската ракометна репрезентација победнички ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство 2028. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци на домашен терен ја оправдаа улогата на фаворит против Луксембург, славеа со 41-23 (20-10). Ова е седма победа на Македонија во пресметките со овој тим.

Следен противник на „црвено-жолтите“ е репрезентацијата на Грција, дуел кој го играат на гостински терен во недела.

Мартин Томовски имаше 13 одбрани, во своето деби за националниот дрес, Горига постигна три гола. Костески постигна 6 гола, Петковски и Серафимов имаа по пет гола.

Нашите момци не се штедеа, отворија со 9-1, Томовски до овој момент имаше шест одбрани. Гостинскиот состав вториот гол на мечот го постигна дури на средината на првото полувреме, што пак доволно говори за нивната сила и потенцијал. Во 17-та минута при 10-2 влезе и новиот репрезентативец, Дмитро Горига кого ова беше деби во националниот дрес. Првиот гол го запиша на стартот на 20-та минута за 12-3, две минути подоцна Македонија го запиша првото двоцифрено водство (13-3).

Ниту во второто полувреме не се промени сликата, Македонија продолжи да доминира на теренот, а публиката која беше околу 3.000 уживаше во убедливата победа. Нашите ракометари во 49-та минута водеа со 32-18. И тука беше крајот на овој меч. Лазаров ги изротира сите, сосема разбирливо се штедеа сили за вистинската прва пресметка против Грција.

ПретходноТФТ се враќа со нов убедлив пораз во АБА 2