ПМФЛ: “Ранетиот“ Тиквеш ќе удри по “фенерџијата“

161

Денеска од 13 часот во Кавадарци се игра првиот меч од 13.коло во ПМФЛ на кој домашниот состав на Тиквеш ќе го пречека најслабиот тим во лигата, Скопје.

По службената елиминација од Купот на Македонија, иако славеше на гости кај Вардар во меч од 1/8 финалето со 1:3, Тиквеш сега ќе мора сите сили за излез во Европа или за трофеј, да ги насочи кон првенството.

А таму составот на стратегот Оливер Богатинов има -6 бода во однос на лидерот Шкендија и -5 бода зад втората Струга ТЛ во престрет на ова 13.коло. Јасно е дека шансите се тука, посебно за фудбалска Европа, но има уште многу да се игра.

Нема никакво сомневање дека Тиквеш денеска е огромен фаворит против “пиратите“ кои сезонава се очајни, освоија само 4 од можни 36 бодови и се единствени кои немаат победа.

Сепак, прашање е во каква состојба е кавадаречкиот тим по службената елиминација од Купот. Ако играчите се депримирани тогаш тоа е проблем за тренерот Богатинов, но ако се лути и гневни тогаш нека му ја мисли тимот од Автокоманда.

Во секој случај ќе биде интересно денеска од 13 до 15 часот на Градскиот стадион во Кавадарци.

За главен судија одреден е Благојче Ралевски.

ПретходноГаштаров: На секој дуел влегуваме како да играме, на пример, против Реал Мадрид
СледноСпалети се нафрли на својот фудбалер: Жесток излив на бес на славниот тренер (ВИДЕО)