Некогашниот македонски ракометен репрезентативец, Филип Лазаров и официјално повеќе не е тренер на германскиот тим на Интерактив од Ратинген. Клубот ја објави оваа информација, секако заблагодарувајќи му се на Лазаров за досегашната соработка.
Лазаров пристигна во Германија во 2018 година најпрво како играч на Интерактив, а по завршувањето на активното играње остана да работи во клубот како тренер.
Оттогаш поминаа осум години, а очигледно дека двете страни одлучија дека е време за промени.
„Му благодариме за неговиот ангажман и посветеност во изминатите години и му посакуваме сè најдобро во личната и спортската иднина“, се вели во објавата на германскиот клуб.










