Интересно: Струга ТЛ својот видео извештај од дербито го проследи со “bella ciao“!(ВИДЕО)

228

Струга ТЛ – Шкендија 1:0 во големото дерби од 13.коло во ПМФЛ. Стрелец на победничкиот гол беше Христијан Малески во 73.минута. Победа која стружани ги искачи на лидерската позиција.

Интересно. Одговорните за социјалните мрежи на клубот од Струга својот видео извештај одова дерби го проследија со партизанскиот италијански хит “ bella ciao“, нешто што ретко кој го прави во ПМФЛ или никој не го прави.

Дали тоа е некоја порака на стружани или пак сака да се покаже некој пркос?

Во секој случај Струга ТЛ сега е најголем фаворит за есенсската титула.

Кога ќе го гледате видеото зголемете го тонот, за да уживате и во инструменталниот безвременски хит.

ПретходноМителштад за победа на Штутгарт против Вердер
СледноНорис победник во хаотичните квалификации во Бразил