Попладневните дуели од Премиер лигата денеска донесоа две домашни и две гостински победи.
Тимот на Ливерпул со 1:3, успеа да слави кај Кристал Палас со головите на Мек Алистер, Вирц и Исак.
Челзи пак загуби на гостувањето кај Сандерленд со минимални 1:0, со голот на Ле Фе од пенал.
Брајтон со погодоците на Гомез и Грос уште во првото полувреме дојде до триумф од 2:0 над Брендфорд.
Конечно, Борнмут со 1:2, славеше кај Ипсвич. Еванилсон прецизен по само пет минути игра, за да потоа Дејвс си постигне авготол. Конечниот резултат го постави Кларк од пенал.










