Пауновиќ им верува на Недељковиќ и Драгојевиќ од Ренџерс, а Миовски сепак остана дома

30

Дијаметрално спротивни ситуации и примери имаме во Србија односно Македонија по повод, играчите на шкотскиот великан Ренџерс, и нивниот статус во националниот тим.

Селекторот на Македонија, Гоце Седлоски посвети десетина минути на одговарање на прашања на последната прес конференција, на тема Бојан Миовски и неговото не повикување за овој репрезентативен прозорец. Поточно за дуелите од Лигата на Нациите против Шкотска односно Словенија.

Објаснувањето на нашиот селектор зошто досега неприкосновениот Миовски не е тука, е дека тој едноставно нема минутажа во клубот.

Од друга страна пак, има контра пример со многу сличности. Како е можно тоа?

Селекторот на Србија, Вељко Пауновиќ на својот список за истиот повод, а мечеви против Германија и Грција, одлучи да ги стави Вања Драгојевиќ и Коста Недељковиќ Двајцата соиграчи на Миовски во Ренџерс. Овие двајца ама буквално не стапнале на терен што се вели. Недељковиќ од септември наваму има само 45 минути на терен, А Драгојевиќ пак од август наваму има одиграно седум минути!!!

Сепак, и тоа е доволно за 20 годишниот офанзивец да биде дел од националниот тим на Србија.

Само за компарација, Миовски на последните шест мечеви за Ренџерс доби само петнаесетима минути шанса на терен.

ПретходноКрстевски повторно менува клуб во Израел, ќе се бори за опстанок со Макаби Реховот