Ракометарите на ГРК Охрид вечерва, во меч од 10.коло во нашата Суперлига, успеа да го победи составот на Младост со 24:20.
Ова беше осма победа на охриѓани а седми пораз на тимот од Богданци, кој сеуште се нема израдувано на победа сезонава.
На стартот големиот фаворит поведе со 3:0 и со тоа како да сакаше да покаже дека на овој меч гостите мора да се задоволат само со пораз. Домашниот тим иако не одигра се полна сила, сепак и тоа како го контролираше резултатот, иако на пауза се замина само +2 разлика или 13:11.
Во продолжение од средбата ракометарите на ГРК Охрид како да префрлија во поголема брзина и резултатот од 38.минута, односно разликата само се зголемуваше.
Треба фа се каже дека во седмата минута од вториот дел домашните имаа водство само од еден гол разлика.
На крај сепак 24:20, победа без многу мака се чини и нови бодови за составот на Борис Ројевиќ, а тоа беше најважно вечерва.
Ѓукиќ со 5 голови беше најефикасен кај победничкиот состав, додека кај гостите Андоновски со 8 голови беше најефикасенна мечот.










