На неколку часа пред стартот на дуелот во Глазгов, помеѓу Шкотска и Македонија кој што вечерва од 20:45 на Хемпден парк се игра во рамките од претпоследното коло од актуелната Лига на Нации, Б дивизија, атмосферата е и повеќе од убава.
Во локалните пабови се пее песна, како што е и вообичаено, но овојпат е македонска. Нашите навивачи заедно со домашните, кои што за разлика до некои островски колеги се и тоа како гостопримливи и дружељубиви се загреваат пред вечерашниот дуел.
Македонскиот национален тим има задача да обезбеди поволен резултат вечерва, со што конечно ќе ги израдува своите следбеници во оваа кампања.










