Заврши 26. издание на традиционалниот турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди“, кој се одржува во чест на фудбалските легенди од Кавадарци.
Првото место го освои екипата на Тиквеш составена од странски фудбалери, пред тимот на Тиквеш со домашни фудбалери, кој го освои второто место. Третопласиран беше ФК Тетекс од Тетово.
За најдобар голман на турнирот беше прогласен Христијан Стевковски од ГФК Тиквеш, додека признанието за најдобар играч и стрелец му припадна на Лавал Емануел Тохиб, исто така од кавадаречкиот клуб.
Од ГФК Тиквеш упатија благодарност до Општина Кавадарци, семејството на Вуко Каров, институциите, соработниците и поддржувачите кои помогнаа во организацијата на настанот.















