У 19: Минимален пораз од Швајцарија во второто коло од квалификациите

0

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години претрпе минимален пораз од 1:0 против Швајцарија, во второто коло од квалификацискиот турнир во Турново за пласман на Европското првенство 2027, во рамките на Лигата Б.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 32. минута, кога Јанис Один ја затресе нашаа мрежа и му донесе предност на својот тим. Тој погодок на крајот се покажа како единствен на средбата.

Македонските надежи имаа едн аодлична шанса преку Јаков Стојковски уште при резултат 0:0, но потоа не успеаја да стигнат до израмнување. По воведното реми без голови против Северна Ирска, ова е прв пораз за Македонија на турнирот, а Швајцарија, пак, по убедливата победа од 6:0 над Малта во првото коло, продолжува со максимален ефект.

За македонската селекција останува последниот натпревар од групната фаза против Малтa. С. Ирска денеска во второто коло беше подобра од Малта со 3:1.

ПретходноЈована Петрушевска: Верувам во овој тим, имаме потенцијал и убава иднина