Цела Шкендија, репрезентативци, пријатели…на последното збогум со Агрон Мемеди

0

Во атмосфера на голема тага и неверување, денеска напладне во Тетово беше погребан Агрон Мемеди, поранешниот македонски репрезенативец и помошен тренер на Шкендија, чија прерана смрт ја потресе фудбалската јавност.

На последното збогување присуствуваа неговите поранешни соиграчи и фудбалски пријатели, меѓу нив Агим Ибраими и Буба Хасани, целиот тим на Шкендија, како и голем број пријатели од Тетово и од целата земја. Меѓу присутните беа и репрезентативците Елези, Меличи, Фетаи…

Сите со неверување и длабока тага се простија од човекот кој остави трага во клубот и македонскиот фудбал.

ПретходноПоследен тренинг пред Словенија: Како до прва победа? (ФОТО+ВИДЕО)