Муслиу: Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме!

0

По убедливиот пораз од Словенија (0-3), македонскиот репрезентативец Висар Муслиу не го криеше разочарувањето од настапите на националниот тим во Лигата на нации. Искусниот дефанзивец отворено зборуваше за резултатската и играчката криза во која се наоѓа Македонија, посочувајќи дека е неопходна сериозна анализа и промена на работите.

Македонија го заврши настапот во Б-лигата на Лигата на нации со шест порази и гол-разлика 1-15, резултат кој јасно говори за тешкиот период низ кој минува националниот тим.

Муслиу смета дека репрезентацијата е далеку од посакуваното ниво и дека веќе подолг период не го покажува она што се очекува од неа.

„Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.

Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“

ПретходноГерманија ја “парчоса“ Холандија, Србија повторно поразена